Мохамед Салах и Вирџил Ван Дијк се најголемите ѕвезди на Ливерпул, но во последната недела еден играч ги засени Египќанецот и Холанѓанецот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Трент Александер Арнолд поради фамозниот начин на кој го изведе корнерот во Лигата на шампионите беше топ тема во спортските медиуми, како на Островот така и во Европа.
Јирген Клоп, а сигурно и навивачите на Ливерпул во овој момент не помислуваат на барање друг десен бек.
„Црвените“ вчера го играа својот последен натпревар на „Енфилд“ во оваа натпреварувачка година. Со 2:0 беше победен Вулверхемптон, но тоа не беше доволно за освојување на шампионската титула бидејќи Манчестер Сити го победи Брајтон.
Откако натпреварот заврши, а трибините се испразнија Трент на теренот ги повика најдобрите пријатели и им испраќаше центаршути за да почуствуваат како е да се постигне гол на овој култен стадион.

Иако има 20 години тој стана вистинска ѕвезда на Премиер лигата и очигледно не заборави од каде доаѓа.
Инаку, после натпреварот беше разочаран што Ливерпул ниту после скоро 30 години не ја освои титулата шампион.
„Разочаран сум, ова е тешко да се прифати, но Сити покажа дека е еден од најдобрите светски тимови. Неверојатно е како не сме шампиони со толку освоени бодови“, изјави Арнолд.
Ливерпул оваа сезона го очекува уште еден голем натпревар, а тоа е финалето во Лигата на шампионите во Мадрид против Тотенхем.