Атлетико Мадрид нема намера да остане без својот најдобар фудбалер Антоан Гризман, па започна преговори со францускиот репрезентативец за нов договор, пренесуваат француските медиуми.
Имено, познато е дека Гризман во договорот со Атлетико Мадрид има откупна клаузула од 100 милиони евра, а неколку европски гиганти се спремни да ја платат.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
„Јорганџиите“ се свесни дека нема да можат да го спречат трансферот доколку некој клуб се одлучи да ја плати клаузулата, па смисли план како да го задржи Французинот.
Имено, Атлетико Мадрид е подготвен на Гризман да му понуди нов договор според кој сегашната годишна плата од седум милиони евра би му пораснала на 10 милиони, но и новата откупна клаузула ќе биде значително повисока.