Клаудио Раниери потврди дека на крајот од сезоната ќе ја напушти Рома.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Раниери беше доведен како привремено решние откако во март беше сменет Еусебио Ди Франческо, но откако ќе ги одработи преостанатите три натпревари во Серија А, Раниери заминува од Рома.
„Мојата работа завршува со последните три натпревари“, изјави на конференцијата за новинари пред неделниот натпревар против Јувентус.
„Знаев дека така ќе биде. Одлучив да дојдам тука за да ја завршам сезоната за Рома бидејќи сум навивач на Рома“, додаде Раниери.
Поранешниот тренер на Лестер оствари четири победи, три пати одигра нерешени и два пати беше поразен како тренер на Рома, а Римјаните и понатаму имаат шанса до крајот на сезоната да се пласираат во Лигата на шампионите иако не се во најдобра ситуација.
Се уште не е познато кој ќе дојде на местото на Раниери на клупата на Рома, во претходниот период „волчицата“ многу се поврзуваше со Антонио Конте, но вчера „Скај Спорт“ објави дека Конте се договорил со Интер.