Дома Фудбал Останато Челзи – Ајнтрахт: Можат ли Јовиќ и дружината да приредат уште едно изненадување!?

Челзи – Ајнтрахт: Можат ли Јовиќ и дружината да приредат уште едно изненадување!?

Денес од 21:00 не очекува реванш натпреварот од ½ финалето на ЛЕ во кој на Стемфорд Бриџ ќе се сретнат екипите на Челзи и Ајнтрахт Франкфурт.

Челзи: Главната цел е исполнета!

Фудбалерите на Челзи играат исклучително променливо оваа сезона, но сигурно е дека главната цел е исполнета со тоа што во Премиер лигата стигнаа до позиција која им обезбеди пласман во ЛШ, а тоа значи дека ќе се натпреваруваат со најдобрите клубови од Европа. Што се однесува до Лига Европа, плавите без поголеми проблеми стигнаа до нокаут фазата, а потоа лесно стигнаа и до ½ финалето. Избраниците на Сари во овој натпревар влегуваат со голема самодоверба, но во никој случај не смее да се потцени денешниот противник кој доаѓа од Франкфурт.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


дерби на денот

Ајнтрахт Франкфурт: Оваа екипа како да попушта!

Фудбалерите на Ајнтрахт во поголемиот дел од сезоната прикажуваа навистина фантастични партии, но изгледа дека на тоа полека му се ближе крајот. Вистина, екипата од Франкфурт и понатаму се наоѓа на ечтвртото место на табелата кое носи директен пласман во ЛШ, но имаат исто бодови со Леверкузен кој им е директен конкурент за тоа. Во првиот натпревар од ½ финалето на ЛЕ прикажаа фантастичен натпревар, а да бидеме искрени никој не очекуваше толку голем успех за овој тим. Мора да напоменеме дека во првиот натпревар, овој тим пропушти и неколку реални прилики за постигнување на гол пред самиот крај на мечот.

Веројатни состави:

Челзи: Кепа, Аспиликуета, Кристенсен, Давид Луиз, Емерсон, Ковачиќ, Жоржињо, Лофтус-Чик, Вилијам, Азар, Жиру.

Ајнтрахт: Трап, Фалете, Хинтерегер, Абрахам, Да Коста, Роде, Фернандес, Хасебе, Костиќ, Ребиќ, Јовиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Роналдо има неколку големи желби кои сака да ги оствари пред да се пензионира

Иако има 39 години, Кристијано Роналдо не размислува за фудбалска пензија, а медиумите пиш…