Претходните две вечери бевме сведоци на, слободно можеме да кажеме, едни од најдобрите полуфинални натпревари откако се игра ЛШ.
Ливерпул во вторникот приреди невидена сензација откако ја надокнади негативата од 3:0 од првиот натпревар на Камп Ноу против Барселона и славеше со 4:0.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од друга страна, Тотенхем после поразот од 1:0 на свој терен и негативата од 2:0 на полувреме во реваншот, успеа да направи комплетен пресврт и да стигне до победа која му обезбеди карта за големото финале.
Играчите на Покетино со голот на Лукас во судиското продолжение стигнаа до голема победа, која знаеја да ја прослават. Дури и Хари Кејн, кој не беше во можност за настап поради повреда, влезе на теренот по крајот на натпревар за да прослави со соиграчите.
Додека фудбалерите на Тотенхем го славеа овој историски успех, еден играч на Спарси покажа колку има големо срце. Тоби Алдервилд му пријде на Душан Тадиќ. но и останатите играчи на Ајакс да им даде утеха за несреќната елиминација. Потег кој е за пофалба.