Дома Фудбал Лига на шампиони Навивачите на Барселона лути на Ракитиќ: Одигра очајно, па замина на забава

Навивачите на Барселона лути на Ракитиќ: Одигра очајно, па замина на забава

Иван Ракитиќ очигледно не му паднало многу тешка елиминацијата на Барселона од Лига на шампиони.

Каталонците беа понижени на Енфилд. Испуштија три гола предност од првиот натпревар, беа поразени со 4:0 и го завршија своето учество во ЛШ оваа сезона.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


После дебаклот на Енфилд, фудбалерите на Барселона од тренерот Валверде добија два слободни дена, а Ракитиќ тоа го искористи максимално.

Не му паднала тешко елиминацијата. Одлучи да замине во Севиља, каде уживал во ноќниот живот.

Фотографијата од синот на поранешниот претседател на Севиња го откри Ракитиќ. Се обиде да ја избрише, но веќе беше доцна и навивачите на Барса се лути после се ова.

Тоа јасно го искажаа под фотографијата и наводно тоа е причината поради која пријателот на Ракитиќ ја избриша.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Игор Тиаго со голема шанса да биде дел од составот на Бразил за Светското првенство 2026

Тројца фудбалери ќе се борат за двете преостанати слободни места во составот на Бразил за …