Дома Фудбал Машинеријата се комплетира: Ноер и Милер се враќаат за џенгот со гигантот Реал

Машинеријата се комплетира: Ноер и Милер се враќаат за џенгот со гигантот Реал

Германскиот првак Баерн Минхен ќе биде засилен за претстојниот дуел в среда од Лигата на шампионите против Реал Мадрид, откако е најавено дека во комбинација за составот се голманот Мануел Ноер и Томас Милер.

Ноер имаше операција на левото стопало, откако се повреди на тренинг на 29 март. Тој пропушти три натпревари од Бундес лигата – против Аугсбург, Хофенхајм и Борусија Дортмунд.

Неизвесен ќе биде настапот на Роберт Левандовски, кој не тренираше со екипата, туку самостојно откако во текот на викендот се повреди на дуелот со Борусија Дортмунд, а сигурно нема да игра Матс Хумелс, кој се повреди на вчерашниот тренинг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Даглас Луиз блесна кога му беше најпотребно на Јувентус!

Со асистенција за Мекени и својот прв гол за клубот, Даглас Луиз го предводеше Јувентус до…