Италијанскиот стратег и актуелен менаџер на Челзи, Маурицио Сари изрази желба да остане на „Стенфорд Бриџ“.
„Сините“ во неколку наврати оваа сезона беа на чекор да му врачат отказ на Сари, но на крајот сепак го задржаа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Челзи сепак може да одлучи да го задржи Италијанецот, особено откако обезбеди пласман во Лигата на шампиони за наредната сезона и е на чекор од финалето во Лига Европа.
Самиот Сари јавно истакна дека му се допаѓа англискиот фудбал и сака да остане на „Стенфорд Бриџ“.
„Како што веќе реков, сакам да останам во Челзи. Ми се допаѓа англискиот фудбал и атмосферата овде. Сакам да останам во англискиот фудбал“, истакна Сари.
ФИФА денес ја потврди одлуката за забрана на трансфери на Челзи, па Сари даде свој коментар.
„Последниот пат зборувавме за летните припреми, не зборувавме за трансфер пазарот. Во овој момент не знаеме сигурно дали ќе можеме да купуваме или не“, истакна Италијанецот.