Дома Фудбал Италија Конте ја одби Рома, „волчицата“ тргнува по Сари

Конте ја одби Рома, „волчицата“ тргнува по Сари

Раководството на Рома е спремно да започне преговори со Маурицио Сари, откако доби „корпа“ од Антонио Конте.

Конте беше прв избор за „волчицата“, но трофејниот италијански стратег денес јавно порача дека во овој момент нема услови да се пресели на „Олимпико“.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Сега Рома ќе се насочи кон тренерот на Челзи, Маурицио Сари, кој наводно е отворен да се врати во татковината.

Сепак, одлуката ќе зависи од Челзи, кој може да одлучи да го задржи Италијанецот, особено откако обезбеди пласман во Лигата на шампиони за наредната сезона.

„Сините“ во неколку наврати оваа сезона беа на чекор да му врачат отказ на Сари, но на крајот сепак го задржаа.

Раководството на Рома е спремно да започне преговори и во наредните денови ќе испрати официјална понуда до неговиот агент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Наполи со официјална понуда за Дарвин Нуњез

Наполи не се откажува од намерата да го привлече напаѓачот на Ливерпул, Дарвин Нуњез, иако…