Иако Баерн Минхен е на добар пат да ја освои титулата во Германија, сепак многу веројатно Баварците ќе се разделат со тренерот Ковач на крајот на сезоната.
Ковач на крајот ќе го плати цехот на раната елиминација во Лигата на шампионите, и по завршување на сезоната ќе добие отказ. Според каталонскиот весник, „Мундо Депортиво“, негов наследник најверојатно ќе биде поранешниот шпански селектор и тренер на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Весникот тврди дека директорот на Баерн, Хасан Салихамиџиќ, веќе остварил средба со Лопетеги, и тоа во Мадрид, каде разговарале за евентуалната соработка.
Сепак, според германските медиуми фаворит за клупата на „Алијанц Арена“ е Ерик Тен Хаг кој со Ајакс направи вистинско изненадување оваа сезона.
Холандскиот стратег е прва желба на Баварците, но доколку не успеат да го ангажираат тогаш ќе се насочат кон Лопетеги кој е „план Б“.