Дома Фудбал Италија Конте: Следната година 60% ќе работам во Италија

Конте: Следната година 60% ќе работам во Италија

Подготовките за новата сезона летово би можеле да бидат поинтересни од било кога, зашто беа најавени неколку спектакуларни трансфери, но би можеле да видиме и неколку тренерски промени.

Посебно во центар на внимание се тренерите кои немаат ангажман, а едно од најзвучните имиња е секако Антонио Конте.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Италијанскиот тренер се поврзува со клупите на најголемите италијански клубови, Интер, Милан, Рома и Јувентус, како и со клупата на Пари Сент Жермен.

Конте сега за прв пат јавно проговори за својата иднина и истакна дека постпи 60% можност следната сезона да се врати во Серија А.

„Веројатноста да работам во Италија е голема, но исто така голема е и веројатноста да работам во странство. Можно е да одмарам уште една година. Важно е да одам во клуб кој ќе може да се бори за титули. Можноста да работам во италијански клуб е 60%, за во странство 30%, а да одмарам е само 10%“, искрен беше Конте.

„Се уште сум немал директни контакти со никој од споменатите клубови. Се уште е рано. Ќе одлучам кога ќе заврши сезоната и ќе ги разгледам сите понуди“, додаде италијанскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Навивачите на Барса бесни на скапата ѕвезда: Оди си од клубот📷

Навивачите на Барселона на социјалните мрежи испратија серија на критики кон еден играч, и…