Дома Фудбал Германија Тој е најголемата грешка на Баерн – го платија милиони, а заврши во затвор!

Тој е најголемата грешка на Баерн – го платија милиони, а заврши во затвор!

Во времето кога Баерн не трошеше големи суми на нови фудбалери, го плати Бразилецот Брено 12 милиони евра на Сао Паоло, што своевремено беше најскапиот млад дефанзивец.

Тогаш 17-годишниот стопер пристигна на препорака на Џонави Елбер, а на пробата се покажа како некој со потебцијал да биде еден од најдобрите дефанзивци во светот.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Во период од четири сезони одигра само 21 натпревар за Баварците и седум за Нинберг каде беше на позајмица една сезона.

Но, фудбалскиот фактор кај Брено не е толку инетерсен, бидејќи Бразилецот е „пироман“. Ја запали својата куќа во Минхен, а штетата достигна до 1,5 милиони евра.

Набрзо беше уапсен и осуден на три години и девет месеци затвор во Германија. Баерн во најтешките моменти застана зад својот играч, а кога беше пуштен од затвор 19-ти август 2013 година Гвардиола го смести во својот стручен штаб, како тренер на младинските категории.

Сепак, Брено минатото лето одлучи да се врати во Бразил, во родниот Сао Паоло, каде ќе се обиде да ја оживее својата кариера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Пет голови и асистенција – Халанд е најдобриот

Фудбалерот на Манчестер Сити Ерлинг Халанд е прогласен за најдобар играч на Премиер лигата…