Тренерот на Рома Клаудио Раниери, предизвика „бура“ на Апенините со својата изјава дека дуелот помеѓу Интер и Лацио од 2010 година бил наместен.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Тренерот на Рома беше испровоциран со прашањето од новинарот дали може да се очекува Лацио да ја пушти Аталанта, кој е директен конкурент на „волчицата“ за пласман во ЛШ.
„Тоа се случи во 2010 година со Интер, кога Лацио му го олесни патот кон титулата на „нероаѕурите“. Јас секогаш сум бил фер и тоа ми е најважно“, изјави Раниери и крена голема прашина на Апенините.
Веднаш се јавил јавниот обвинител на Фудбалскиот сојуз на Италија Џузепе Пекорао кој побарал снимка од прес-конференцијата, и веднаш да покрене истрага.
Дуелот заврши 1:0 во корист на Интер, кој се бореше за Скудетото таа година со Рома на чие кормило седеше токму Раниери.
На ваквите обвинувања на Раниери веднаш реагираше и Лацио, кој веднаш ги повика надлежните да реагираат.