Ракометарките на Вардар се блиску до пласман на завршниот турнир во Лигата на шампионите, откако во неделата во Данска, го совладаа Митјиланд 26:28 (12:18).
Вардарки, гостуваа во Данска, во првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионките, забележаа победа, но како и на претходните неколку натпревари, демонстрираа несигурност во второто полувреме, кога на противничките им дозволија целосно враќање во натпреварот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тактичко изненадување за Митјиланд беше зоната 5-1, со Кликовац која беше најистурена во таа зона. Таквата одбрана целосно од ритам ги исфрли бековите на Митјиланд, а топките кои ќе ја минеа зоната во најголем дел ги бранеше одличната Лејно.
Цврстата одбрана, придонесе „црвено-црните“, да декуваат разиграно во нападот, каде Пенезиќ, Лакрабер и Лазовиќ се погрижија во финишот на првиот дел Вардар да ја стекне максималната предност од седум гола, а по 30 минути да има на своето конто шест голови повеќе од противничките (12:18).
Сепак, нивото на играта од првото полувреме ракометарките на Вардар не успеаја да го пренесат и во второто.
Митјиланд успеа во 41.минута да се доближи на негатива од три гола (19:22), но до 47-та Вардар ја врати предноста која ја имаше на полувремето (20:26).
Потоа следуваше период во кој Вардар имаше „празен од“, период проткаен со технички грешки избрзани шутеви, по кој Митјиланд до 55.минута се доближи на само гол негатива (25:26), а потоа и не реалзириа напд за израмнување.
До крајот на натпреварот Вардарки сепак ги одбија нападите на домаќинките и да забележат победата 26:28, која со голема веројатност ќе ги однесе на завршниот турнир.
Најефикасни во редовите на Вардар беа Пенезиќ со седум и Лакрабер со пет голови, а Лејно имаше 12 интервенции.
Реваншот во Скопје Вардар и Митјиланд ќе го одиграат наредната сабота со почеток во 17:30 часот.