Дома Топ вести Откриени детали: Еден ден после магичната вечер Тадиќ преговарал за трансфер во Реал Мадрид!

Откриени детали: Еден ден после магичната вечер Тадиќ преговарал за трансфер во Реал Мадрид!

Како што пренесува „Марка“ медиум наклонет на Реал Мадрид кој има најдоверливи информации за „кралевите“ пишува дека само еден ден после елиминацијата на Реал Мадрид од Ајакс во шпанската престолнина бил агентот на Душан Тадиќ.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Тој сакал да го искористи одличниот настап на Тадиќ и промената на тренерската клупа на Реал Мадрид и го понудил својот клиент.

Покрај тоа агентот дал и цена потребна да се доведе Тадиќ, а таа била 15 милиони евра, што за Реал е ситница.

Иако во Реал го гледаат како голем фудбалер. Тадиќ не се вклопувал во визијата на „кралевите“ и тоа му го кажале на неговиот агент. Реал сака напаѓач со слични карактеристики на Карим Бензема, но и многу помлад, Тадиќ има 30 години. Тие бараат наследник на Бензема кој ќе биде шпиц број еден на „Бернабеу“ во наредните години. Тој напаѓач не го гледале во Тадиќ.

Како што пишува „Марка“ целта број на Реал Мадрид е Лука Јовиќ кој вчера постигна нов гол во полуфиналето од Лигата на Европа помеѓу Ајнтрахт и Челзи.

Ајнтрахт го проценува Јовиќ на сума од 60 милиони евра, но се споменува и сума до 70 милиони евра.

Ајакс оваа сезона игра фантастична сезона, овој тим е на добар тим да се пласира во финалето од Лигата на шампионите (победија со Тотенхем 0:1 во првиот натпревар).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…