Со години наназад се пишува дека Меси често бара од управата на Барселона да донесе некој играч, а сега наводно побарал да го донесат Маркус Рашфорд.
Англискиот репрезентативец имаше добра сезона на „Олд Трафорд“, иако можеби постои одредена загриженост поради неговиот моментален договор кој му истекува на крајот од следната сезона, а Јунајтед има можност да ја продолжи соработката на уште една година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Остаува да се види дали играчот сака да остане на „Олд Трафорд“, а Меси во меѓувреме побарал од клубот да се обиде да го купи играчот против кој играше во четвртфиналето на ЛШ.
Гласот на Меси има голема вредност на Камп Ноу, иако се појавија прашањата дали воопшто е потребен Рашфорд во екипа која има врвни офанзивни играчи.
Каталонските медиуми пишуваат дека Меси е разочаран од Дембеле, особено после големото промашување синоќа против Ливерпул и му порачал на раководството дека би било најдобро да го продадат ова лето.
Токму во Рашфорд тој гледа идеална замена за Дембеле, кој иако имаше добра сезона, со своето однесување им направи многу проблеми на Каталонците.
„Црвените ѓаволи“ сега се далеку од пласман во ЛШ и токму тоа може да биде причината Рашфорд самиот да побара промена на средината.