После повредата на Ходсон Одој, тренерот на Челзи Маурицио Сари остана без уште еден важен фудбалер до крајот на сезоната.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Имено, Антонио Рудигер се повреди за време на саботното дерби против Манчестер Јунајтед и за него сезоната е завршена.
Рудигер има проблем со менискусот на коленото и според информациите од Челси, тој заминал во Рим, каде што ќе му биде извршена операцијата.
Германецот сезоната има одиграно 44 натпревари за Челзи во сите натпреварувања. До крајот на сезоната Челзи го очекува битка за Топ 4 во Премиер лигата, но и полуфинален дуел во Лига Европа.