Дома Фудбал Серхио Рамос на Инстаграм го заследи големото засилување за Реал?

Серхио Рамос на Инстаграм го заследи големото засилување за Реал?

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос го заследи играчот на Инстаграм и ги воодушеви навивачите на Кралевите.

Имено, Рамос го заследи Еден Азар, што нормално го забележија медиумите во Шпанија, кои сметаат дека сепак тоа може нешто да значи.

Се очекува Реал на лето да го донесе Белгијанецот, особено сега откако Реал и Азар имаа лоши сезони, а овој потег на Рамос дополнително ги загреа гласините.

Азар призна дека сака да игра во ЛШ наредната сезона, но шансите Челси да заигра во најелитното фудбалско натпреварување не се многу големи, бидејќи за ривали ги има Арсенал и Јунајтед, а до крајот има уште две кола.

Што и да се случи, Азар сепак е поблиску до преселба во Мадрид, иако тој сам не сака да потврди дека тоа ќе се случи, туку упорно тврди дека не знае ништо во овој момент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гужва во хрватскиот втор ранг: Осум екипи во четири бода, Вуковар тоне

Младост Ждралови е лидер по 11 кола, но конкуренцијата е збиена. Вуковар, кој минатата сез…