Дома Фудбал Италија Итен состанок помеѓу Гатусо и челниците на Милан

Итен состанок помеѓу Гатусо и челниците на Милан

gatuso

Ден после поразот од Торино, челниците на Милан свикаа вонреден состанок на кој се појавил и Џенаро Гатусо.

Милан во последно време игра лошо и повеќе не е меѓу четирите најдобри екипи во Серија А, па ЛШ во овој момент е невозможна мисија.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Нормално, не е се готово, но со ваква игра Росонерите тешко дека на нешто може да се надеваат.

После поразот од Торино со 2:0, челниците на Милан и Џенаро Гатусо се сретнаа да разговараат за иднината.

На состанокот се претседателот на Управата Иван Газидис, како и директорите на клубот Леонардо и Малдини, а се очекува да биде присутен и претседателот Паоло Скарони. Нема информации што може да се случи, но наводно на Сан Сиро ќе го задржат Џенаро до крајот на сезоната, без разлика на исходот.

Но, после тоа, тешко дека Гатусо ќе остане тренер на Милан и веќе се бара негова замена за следната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Заслужено:Палмер најдобар млад играч во Премиер лигата

Фудбалерот на Челзи Кол Палмер е најдобриот млад играч во Премиер лигата оваа сезона. Игра…