Ракометарите на Вардар остварија голема победа над Пик Сегед со 8 гола разлика (31:23) во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампиони.
Почетокот на натпреварот започна со израмнета игра, но на средината од првото полувреме Вардар поведе со 8:4. „Црвено-црните“ потоа дојдоа и до пет гола разлика, но следуваше пад на играта.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Пик Сегед тоа добро го искористи и на одмор се замина со два гола предност за Вардар (14:12).
Вардарци повторно диктираа темпо и во вториот дел, Пик Сегед стигна на 21:20, но потоа следуваше нова серија по која „црвено-црните“ дојдоа до предност од 25:21.
Потоа следуваше фуриозен финиш на Вардар предводен од прекрасната публика и атмосфера. До крајот „црвено-црните“ постигнаа шест гола, а гостите само два за конечни 31:23.
Карачиќ беше прв играч на овој натпревар со осум гола, исто колку и Криштопанс, а ги следеше Скубе со шест. Голманот Милосављев имаше десет интервенции.
Фото: РК Вардар