Дома Македонски спорт Мак ракомет Започна „распарчувањето“ на Вардар: Познато каде одат Шишкарев, Дибиров, Милосављев…?

Започна „распарчувањето“ на Вардар: Познато каде одат Шишкарев, Дибиров, Милосављев…?

Неодамна Сергеј Самсоненко објави дека се повлекува од РК Вардар, а веќе денес руските медиуми сега откриваат дека Русите од Вардар веќе пронашле нови клубови.

Ако му веруваме на Сергеј Новиков, Хлеб Калараш и Димитри Киселев би можеле да го облечат дресот на Мотор Запоржје. За Тимур Дибиров се пишува дека кариерата ќе ја продолжи во Мешков Брест, додека Шишкарев може да му е приклучи на Карачиќ во Кјелце.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Голманот ова лето дојде во Вардар, Дејан Милосављев пак бил контактирал од Фуксе Берлин.

„Киселев и Калараш остварија контакт со Запорожје, голманот Дејан Милосављев ќе се пресели во Фуксе Берлин. Шишкарев е во преговори со Кјелце, Тимур Дибиров ќе оди во Брест. Игор Карачиќ од претходно има договор со Кјелце“, стои во текстот на Новиков.

Изгледа дека после објавата на Самсонеко следи она што македонската спортска јавност не го посакуваше, а тоа распродажба и заминување на скоро цел шампионски тим.

Ќе потсетиме, Вуко Борозан го напушти клубот уште во текот на сезоната, Криштопанс веќе потпиша со Пари Сен Жермен каде што треба да се пресели во 2020 година, но сега тој договор може да се промени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Барселона го најде наследникот на Левандовски

Барселона сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантас…