Некогаш во фудбалот за 20-30 милиони евра можевте да доведете голем играч, меѓутоа работите денес драстично се променети.
Трансферот на Нејмар од Барселона во ПСЖ беше вреден 222 милиони евра и во овој момент тоа е најголема вредност на еден трансфер во историјата на овој спорт.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Истражувањето на „Плеј Рејтингс“ покажало дека денес трансферот на Роналдо од Барселона во Интер кој се случи во 1997 година би изнесувал рекордни 433 милиони евра.
Во тоа време Бразилецот во Интер премина за 28 милиони евра, а кога ќе се земат во предвид сите параматери на денешниот пазар се добива бројка од 433 милиони евра со што Бразилецот денес би бил најскап играч на сите времиња.
Роналдо таа сезона постигна 47 голови во 49 натпревари, а со одличната форма продолжи во Италија каде што за „нероаѕурите“ на 99 натпревари постигна 59 погодоци.
Уште неколку трансфери во тоа време доколку би се направеле денес би го надминале оној на Нејмар. Така трансферот на Кристијан Виери од Лацио во Интер денес би изнесувал 334 милиони евра.
Рома на Фиорентина за Габриел Батистута денес би требало да и плати 281 милиони евра, додека трансферот на Марадона во Наполи би достигнал и сума од 334 милиони евра. Марадона во тоа време за Наполи потпиша за десет милиони евра.
A study conducted by Play Ratings in 2018 found – taking inflation and currency fluctuation into account – Ronaldo would be the most expensive player in the history of football.
His world record €28m transfer from Barcelona to Inter would actually be worth €433m.
— bet365 (@bet365) April 22, 2019