Дома Фудбал Италија Фото: Нема дилема каде Дибала ќе ја продолжи кариерата

Фото: Нема дилема каде Дибала ќе ја продолжи кариерата

dybala

Пауло Дибала е меѓу играчите кои најмногу разочараа оваа сезона, а според многумина причина за тоа е доаѓањето на Роналдо во клубот минатото лето.

Веќе неколку време се споменува дека Аргентинецот може да го напушти торинскиот клуб, но после фотографиите кои се направени на Алијанц стадионот нема дилеми дека играчот и наредната сезона ќе биде член на Бјанконерите.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дибала заедно со Федерико Бернардески се фотографира во дресот на Јувентус за наредната сезона. Со оглед дека послужил како модел во промоцијата на новата гарнитура дресови јасно е дека “десетката“ на Старата дама ќе биде резервирана за него и следната сезона.

Овој 25-годишен играч оваа сезона постигна само 10 погодоци, пет во ЛШ и пет во Серија А, а навивачите на Јуве сигурно очекуваа повеќе од него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Челзи го избрал наследникот на Покетино?

Oд редовите на Челзи испратиле богата понуда до Антонио Конте со цел да го преземе тимот и…