Дома Фудбал Останато Двајца браќа никогаш нема да ја заборават посетата на Роналдо на Дубровник (ФОТО)

Двајца браќа никогаш нема да ја заборават посетата на Роналдо на Дубровник (ФОТО)

Првата ѕвезда на Јувентус, Кристиано Роналдо овие денови престојуваше во хрватскиот град Дубровник бидејќи од клубот доби два слободни денови по повод празниците.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Роналдо во Дубровник пристигна заедно со неговата вереница Георгина Родригез, а ако суди според хрватските медиуми многу негови фанови останале разочарани бидејќи Португалецот во овој хрватски град не бил премногу расположен за фотографирање.

Сепак, успеа до некаде да се „извади“ и да ја поправи сликата кога им го разубави денот на двајца браќа од Лупурд. На Португалецот покрај неговото обезбедување можеа да му приближат само уште двајцата браќа.

„Роналдо тргна кон кон брегот кога го видовме. Неговото обезбедување ги запре луѓето кои сакаа да се сликаат со него. Ние видовме слободен простор на плажата и штом се приближи ни даде знак да му ја фрлиме топката. Тогаш не повика и нас, ни ги потпиша дресовите, бевме многу возбудени“, порачаа во разговор за „РТЛ“, Лука и Лео Пулиќ.

Овие момчиња сигурно дека овој ден нема никогаш да го заборават.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Навивачите на Босна прават спектакуларни сцени на улиците во Торонто (Видео)

Вечерва, според средноевропското време, во 21:00 часот фудбалската репрезентација на Босна…