Кошаркарите на Милвоки Бакс изминатата ноќ славеа против Детроит Пистонси со 127:104 и така се пласираа во конференциското полуфинале после победата од 4:0.
Бакси ги „збришаа“ пистонси во оваа серија и после 18 години успеаа од една плејоф серија да излезат како победници. Милвоки вчера одигра одличен натпревар и без поголеми проблеми дојде до победата, иако играа на гости.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Гостинскиот тим го наметна своето темпо на игра од самиот почеток, но Детроит добро се држеше и на полувремето имаше водство од 62:56, но тоа не успеаа да го сочуваат во продолжение од натпреварот.
Бакси одиграа одлично второ полувреме во кое тотално ги разбија Пистонси во еден момент имаа и повеќе од 30 поени разлика.
Фантастичен натпревар одигра Антетокумпо кој натпреварот го заврши со 41 поен, девет скокови, три асистенции, четири блокади и една украдена топка.
Кај Пистонси Џексон уфрли 26 поени, Грифин додаде 22.
https://youtu.be/hhEqmQIhgiM
До победа во серијата не успеа да дојде Хјустон кој изненадувачки претрпе пораз од Јута со 107:91. Јута со оваа победа намали на 3:1, но невозможно изгледа да им направат пресврт во серијата, се очекува Рокетси веќе во наредниот натпревар да ја завршат работата.
Кај Јута најефикасен беше Мичел со 31 поен. Во редовите на Хјустон Џејмс Харден постигна 30 поени.