Tренерот на Цедевита, Вељко Мршиќ, нема да го предводи својот тим на првите два натпревари од финалната серија во регионалната АБА лига. Цедевита на првите две средби, против Црвена звезда во Белград ќе ја предводи асистентот на Мршиќ, Џанмарко Поцеко.
Предводникот на Цедевита, Вељко Мршиќ, по третиот полуфиналне натпревар против Партизан, кој неговиот тим го доби и се пласира во финалето, го коментираше судењето. Поради неговите коментари АБА лигата реши да го суспендира на два натпревари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Суспензијата на Мршиќ преставува дополнителен удар за Цедевита, која финалната серија ќе ја одигра без Марко Араповиќ, кој ја заврши сезоната, а веројатно и Рајан Боутрајт.
Првите два натпревари од финалето ќе се одиграат на 10 и 11 април во Белград, третиот е на програмата на 13 април во Загреб, а доколку биде потребно четвртиот меч е закажан за 14 април, а 16 април е терминот во кој би се играла евентуалната мајсторка во Белград.