Белгискиот репрезентативец Еден Азар готово сигурно на крајот на сезоната ќе го напушти Челзи откако одби да го продолжи договорот со клубот од „Стенфорд Бриџ“.
Веќе е познато дека најсилен интерес за неговиот потпис покажува Реал Мадрид, а и самиот Азар не крие дека негов сон е да го облече „кралскиот“ дрес.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Очигледно неговиот сон ќе се оствари набрзо, бидејќи угледната „Марка“ тврди дека преговорите се во напредна фаза и дека наскоро се очекува официјализација на трансферот.
Весникот открива дека Зинедин Зидан лично имал телефонски разговор со Азар и го убедил дека доаѓањето на „Сантиаго Бернабеу“ е најдобар потег за него.
Исто така проблем не би требало да биде ниту договорот со Челзи, бидејќи Реал е спремен да ги задоволи апетитите на „сините“ и да плати 100 милиони евра. „Марка“ тврди дека недостасуваат само мали детали и дека трансферот ќе биде официјализиран во наредните неколку дена.
Азар пред неколку дека изјави дека од мали нозе Зидан бил негов идол и дека ја цени неговата работа и како тренер.
„Не сум играч на Реал Мадрид. Среќен сум што Зидан се врати во клубот бидејќи исклучително го ценам. Тоа е добро и за Реал и за навивачите на тој клуб“, изјави Азар.