Aнгличаните оваа сезона имаат ситуација каква што немале долго време.
Англиската фудбалска јавност има причина за славје, иако има такви кои ќе го оспорат тоа Премиер лигата долго време важи за најдобра лига во светот, а сега имаат и клупски успех кој во последните години изостануваше.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, четири англиски тима изборија место во завршниците на Лигата на шампионите и Лигата на Европа. По два англиски тима се пласираа во полуфиналињата од овие натпреварувања, а би можеле да видиме и две англиски финалиња. Такво нешто поверојатно е во Лигата на Европа, меѓутоа ниту во ЛШ Ливерпул не е без шанси против Барселона, а Тотенхем иако е ослабен покажа дека може и во ваков состав да одигра високо ниво.
Последен пат четири англиски екипи во полуфиналињата на европкуповите имало пред 35 година, но ова е поголем успех затоа што тогаш имаше три натпреварувања, се играше и Интертото куп кој сега недостасува.
Во таа сезона Ливерпул стана шампион на Европа, ја победија Рома на пенали, а Тотенхем го освои својот најголем трофеј во Купот на УЕФА славеа против Андерлехт. Освен „црвените“ и „петлите“ во завршницата беа Нотингем Форест во полуфиналето на Купот на УЕФА и Манчестер Јунајтед во полуфиналето од КПК.
Како и да заврши Англичаните уште сега имаат право да ја сметаат оваа сезона за успешна на европската сцена.