Вчера се доби разврската од четвртфиналните натпревари во Лигата на шампионите.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ајакс прирерди изненадување го елиминираше Јувентус, Тотенхем го елиминираше Манчестер Сити, Ливерпул ја оправда фаворитската улога против Порото, додека Манчестер Јунајтед не можеше ништо да направи против силната Барселона.
Како што беше одредено на претходната ждрепка. Ливерпул ќе игра против Барселона, додека Ајакс ќе оди на полуфинална пресметка против Тотенхем.
Денес беа одредени и точните датуми за полуфиналните натпревари.
Ливерпул и Барселона ќе играат на 1-ви мај и на 7-ми мај, додека Тотенхем и Ајакс своите натпревари ги играат на 30-ти април и 8-ми мај.
Сите натпревари се играат во стандардниот термин од 21:00 часот.