Maнчестер Сити вчера испадна од Лигата на шампионите иако го победи Тотенхем со 4:3 на „Итихад“. Сепак поради головите на гости „петлите“ поминаа во следната фаза.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Еден од главните виновници што Сити нема да игра во полуфиналето е 23 годишниот Емерик Лапорт. За Лапорт него Гвардиола го сруши клупскиот рекорд пред една година и го направи најскап дефанзивец на сите времиња (се до трансферот на Ван Дијк) со сума од 65 милиони евра.
Сепак, тој вчера беше главен виновник за двата гола на Тотенхем. Тој беше виновник за првиот гол на Сон бидејќи лошо ја исфрли топката и додаде до Јужнокореецот кој погоди за 1:1.
https://youtu.be/7oTe6Qu9q3U
Освен тоа при вториот гол ја предаде топката во нозете на играчите на Тотенхем кои започнаа контра која со гол ја заврши одново Сон.
https://youtu.be/DEL5nzh8YpY