Дома Останати Кошарка НБА Видео: Голден Стејт најдобар во лигата, Кливленд прв на Истокот!

Видео: Голден Стејт најдобар во лигата, Кливленд прв на Истокот!

Трета година по ред екипата на Голден Стејт Вориорс е најдобриот тим во регуларниот дел од сезоната во НБА лигата, а тоа го обезбедија со победата во Феникс и поразот на Сан Антонио од ЛА Лејкерс. Во исто време Кливленд со победата во Бостон се врати на челната позиција во Источната конференција.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Голден Стејт ја освои првата позиција на Западот и ја обезбеди предноста на домашниот терен низ целиот плејоф, откако победи во Аризона кај Феникс 120:111, а во исто време Сан Антонио неочекувано загуби од ЛА Лејкерс 95:102.

Стеф Кари постигна 28 поени во првото полувреме, мечот го заври со 42 поени, 11 асистенции и 5 скока, а Голден Стејт ја забележа 13-та победа во низа.

Шампионот Кливленд славеше со 91-114 над директниот ривал Бостон. Леброн Џејмс имаше одлична вечер со 36 поени и покажа дека „Коњаницата“ се уште е главна на Истокот.

На другите натпревари: Клиперси го победија Далас 112:101, Оклахома славеше над Мемфис 103:100, а на Вестбрук му недостигаше еден скок за трип-дабл (45 поени, 10 асистенции, 9 скока), Мајами славеше во Шарлот 112:99, а Хјустон го победи Денвер 110:104.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

(Видео) Гого Славески го истепа Тељо за нов триумф во БКФЦ

Македонецот Гого Славески забележа нов значаен успех во БКФЦ организацијата (бокс без рака…