Дома Македонски спорт Одлични резултати на македонските Параглајдеристи во Грција

Одлични резултати на македонските Параглајдеристи во Грција

Македонскиот параглајдеристот Борјан Јованоски го освои третото место во категоријата Крос Кантри на ФАИ2 Меѓународниот параглајдинг натпревар „Прои Рмахи Опен 2019“ кој се одржа изминативе денови во Промахи, Грција.

На настанот на кој учествуваа 41 пилот од шест држави, Македонија, Русија, Грција, Бугарија, Јужна Кореа и Норвешка, македонскиот тим екипно освои високо трето место. Македонија во Грција ја претставуваа Борјан Јованоски (трето место во спортска класа (до ЕН-Ц крила) од Параглајдинг Клуб Делта), Александар Ангеловски (5. место од ПК Делта), Дарко Станковски (4. место – сите категории од ПК АКВИЛА), Адам Спиркоски (4. то место од ПК Скајрајдерс) и Борис Данески (10. место од ПК Љуботен).

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Организаторот ПК Едеса успеа да одржи две успешни трки кои се одвиваа во отежнати временски услови.

Следниот настап на националната параглајдинг репрезентација е на Светскиот Куп во прецизно слетување во Аланија, Турција од 19. до 21. април 2019.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…