Дома Останати Кошарка НБА Лилард и Харден ги предводеа Портланд и Хјустон до први победи (ВИДЕО)

Лилард и Харден ги предводеа Портланд и Хјустон до први победи (ВИДЕО)

Изминатата вечер во НБА лигата беа одигрaни четири натпревари од плејофот.

Портланд кој е ослабен и игра без Јусуф Нуркиќ кој е надвор од терените поради тешката повреда со која се здоби пред неколку недели. Сепак, кошаркарите на овој тим дојдоа до предност во серијата против Оклахома откако на свој паркет славеа со 104:99.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во многу изедначен натпревар гледавме одлична кошарка која ја одлучуваа нијанси. Портланд одлично запична и после првата четвртина имаше преднос од 39:29, но Оклахома се врати во мечот, а на полувреме се замина со 54:48 во корист на Портланд.

Во продолжение од натпреварот Портланд ја одржуваше својата предност. Оклахома на моменти покажуваше дека може до пресврт, сепак тоа не се случи.

Портланд беше предводен од Лилард кој натпреварот го заврши со 30 поени, четири скока , четири асистенции и три украдени топки. Во екипата на Оклахома најефикасен беше Пол Џорц со 26 поени и десет скокови.

Со 1:0 во серијатап повреде и Бостон кој на свој паркет ја совлада Индијана со 84:74. Победата запиша и Милвоки кој со 121:86 беше подобар од Детроит. Бакси исто така водат со 1:0.

Вчера првиот натпревар го играа и тимовите на Хјустон и Јута. На крајот Хјустон убедливо победи со 122:90. Најефикасен кај Хјустон беше Џејмс Харден со 29 поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Ливерпул ја купува ѕвездата на Аталанта

Ливерпул е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Аталанта и холандски репрезентативец, Туе…