Мерцедес имаше перфектна трка во Кина, Луис Хамилтон мина прв низ целта пред својот тимски колега Валтери Ботас, Себастијан Фетел финишираше како трет.
Луис Хамилтон прв ја мина целта на денешната трка во Формула 1 возена во Шангај, за Големата награда на Кина. Зад Хамилтон заврши неговиот тимски колега Валтери Ботас, додека Себастијан Фетел од Ферари трката ја заврши како трет.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Хамилтон одлично стартуваше, прв влезе во почетниот свиок и до крајот на трката неговата позиција не беше загрозена. И Ботас исто така имаше мирно возење. За момент ја загуби втората позиција, но брзо се врати откако го претекна Леклер.
Последното место на подиумот е за Себастијан Фетел, кој во финишот остана и без додатниот бод за најбрз круг.
Бодови во Кина земаа и Рикиардо, Перез, Раиконен и Албот. За Албот ова беше прв бод во кариерата.