Италијанскиот гигант Милан се соочува со големи проблеми поради непочитување на правилата на Финансискиот фер-плеј на УЕФА.
УЕФА денес соопшти дека италијанскиот гигат Милан ќе биде иследуван од Финансискиот контролен орган за непочитување на правилата, па „росонерите“ можат да бидат казнети.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во соопштението на УЕФА се прецизира дека „росонерите“ не ги запазувале правилата за приходи и расходи во текот на сезоните 2015/16, 2016/17 и 2017/18, но од минатата година Милан има нови сопственици кои се спремни да инвестираат.
Ваквиот однос и правила на УЕФА ги критикуваше и поранешниот директор на Милан, Адриано Галиани кој истакна дека ако постоело ова правило кога Берлускони го купи клубот, Милан немаше да биде толку трофеен како денес.
„Правејќи споредба со сега, јасно е дека Финансискиот Фер плеј на УЕФА не функционира, веднаш мора да биде променет. Ако ова правило на УЕФА важеше кога Берлускони го купи клубот, фановите на Милан немаше да се радуваат на сите овие титули и сигурно немаше да освоиме пет Лига на шампиони“, смета Галиани.
„Фудбалските газди тогаш инвестираа од сопствен џеб, Милан на Силвио Берлускони немаше да постои со вакво правило. Сега, во принцип мора да го потрошите само тоа што сте го заработиле секоја година. Не можам да сфатам зошто нов газда кој сака да инвестира не може да го направи тоа поради несфатливи рестрикции од УЕФА“, додаде Галиани.