Дома Останати Кошарка Перо Антиќ испрати порака по повод пензионирањето на Дирк Новицки (ФОТО)

Перо Антиќ испрати порака по повод пензионирањето на Дирк Новицки (ФОТО)

Неодамна заврши регуларниот дел од сезоната во НБА лигата, а во последниот натпревар на Далас против Сан Анонио крај на кариерата стави големата кошаркарска легенда Дирк Новицки.

Германскиот кошаркар во своето патување остави голема трага и стекна голема почит од јавноста, фановите и колегите кои му испратија голем број честитки по повод неговото пензионирање.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Еден од оние кошаркари кои му посакаа среќна пензија на Новицки беше нашиот Перо Антиќ.

Македонската кошаркарска легенда испрати кратка порака преку социјалните мрежи.

„Новицки е еден од најдобрите крилни центари во историјата на оваа игра. Среќен сум што имав прилика да играм против него. Честитки за одличната кариера“, стои во објавата на Антиќ под фотографијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Добри вести за Далас: Познато кога се враќа Кајри Ирвинг

Тренерот на Далас Маверикс, Џејсон Кид, рече дека Кајри Ирвинг најверојатно ќе се врати на…