Дома Фудбал Мертесакер открива: Трансферот во Баерн му пропаднал поради… баба му!

Мертесакер открива: Трансферот во Баерн му пропаднал поради… баба му!

Поранешниот германски репрезентативец, Пер Мертесакер откри дека неговата баба го убедила да не се пресели во Баерн Минхен.

Станува збор за 2006 година, кога централниот дефанзивец беше ѕвезда на Хановер и имаше неколку понуди на маса.

„Имав понуди од Вередер Бремен, Хамбургер и Баерн Минхен. Имав 21 година и се уште живеев со родителите. Главната причина да не се преселам во Минхен беше баба ми“, открива Мертесакер.

„Таа ми рече, немој да го избереш Баерн. Таа воопшто не го сакаше тој клуб, но почина пред да направам трансфер во Вердер. Ако ги изберев Баварците таа сигурно ќе се превртуваше во гроб“, се пошегува дефанзивецот за „Билд“.

Таа 2006 година Мертесакер се пресели во Вердер, а подоцна направи трансфер во Арсенал каде помина цели седум сезони. Во моментов Германецот работи во школата на англискиот гигант, откако стави крај на кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Малески бара крај на голгетерскиот пост во завршницата од Лигата на нации

Напаѓачот на Струга верува дека Македонија може да ја прекине серијата без гол и без побед…