Сегашниот тренер, а поранешен играч на Милан Џенаро Гатузо додека беше на теренот со дрес на себе важеше за играч кој нема премногу трпение и кој секогаш дава се од себе.
Гатузо е познат и како „лудак“ која знаел да направи „откачени“ работи, а дека навистина било така потврди поранешниот репрезентативец на Италија и соиграч на Гатузо од Милан Џанлука Замброта.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Замброта откри како на еден од тренинзите Гатузо во период од најмногу една минута за облог си добил пет илјади евра од Грузиецот Каха Каладзе – Гатузо за тие пари изел жив полжав!
„Во Миланело врнеше силен дожд, скоро се беше под вода, а голи полажави имаше на сите страни. Тогаш Каха Каладзе доби луда идеја, можеби и се шегуваше. Се сврте кон Гатузо и му кажа: Рино, ќе ти дадам пет илјади евра ако изедеш полжав! Гатузо малку се замисли и го запраша: Пет илјади викаш? После неколку секунди се наведна го зема полжавот и го изеде“, изјави Замброта кој дресот на Милан го носеше од 2008 до 2012 година.
Замброта во Милан се задржа тие четири гидини, додека Гатузо црвено-црниот дрес го носеше од 1999 година, а го напушти клубот заедно со Замброта во 2012. Освен за Милан Гатузо во својата кариера го носеше дресот на Перуџа, Ренџерс, Салеритана, а кариерата ја заврши во швајцарски Сион каде што ја започна тренерската. Како тренер ги водеше тимовите на Палермо, ОФИ Крете, Писа и младинците на Милан, за во 2017 да биде назначен за прв тренер на „росонерите“.