Пласманот на четирите англиски екипи во ¼ финалето на ЛШ, едноставно мораше да ни донесе барем едно англиско дерби. Тоа и се случи и вечер на менито го имаме дуелот помеѓу Тотенхем и Манчестер Сити.
Тотенхем: Ова е веќе голем чекор, но никој не се задоволува со 1/4 финале
Овој дуел да се играше порано оваа сезона и шансите за Тотенхем би биле поголеми. Некако од крајот на јануари започнуваат и проблемите за четата на Маурисијо Покетино. Прво се повредија Деле Али и Кејн, а потоа стигна и резултатската криза. Сето тоа порано што се запишуваше како погодок сега го нема. Тие ги изгубија шансите за титула во Премиер Лига, а им остана борба за пласман во ЛШ. Меѓу навивачите се роди надеж дека можат и да го освојат ова натпреварување, но да бидеме реални конкуренцијата е огромна. Од неодамна Тотенхем има нов стадион, а отворањето беше со дуел помеѓу Кристал Палас и стварно беше спектакуларно, но вистинскиот спектакл ќе биде вечерва кога на друга страна од теренот застанува актуелниот шампион на Англија.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Манчестер Сити: Гвардиола на пат за историја!
Многу се блиску фудбалерите на Манчестер Сити и нивниот менаџер, Пеп Гвардиола да влезат во историјата. Засега на Етихад стигнаа многу пехари, а се чека трофејот од ФА Купот во кој веќе се во финале. Исто така шансите за титула во Премиер Лига им се огромни, а воопшто не смееме да ги потцениме и во ова натпреварување. Тоа се зависи од нив самите, а Пеп не е човек кој лесно се предава. Да не биди се идеално во екипата на Гвардиола се погрижи Агуеро кој има проблем со повреда и неговиот настап е под знак прашалник. Го немаше во претходните два натпревари, а веруваме дека Каталонецот нема да ризикува со него, особено кога има и реванш на Етихад. Мора да напоменеме дека и без него, Сити има исклучително потентен напад и не треба да се заборават, Сане, Жезус и останатите.
Веројатни состави:
Тотенхем: Лорис, Трипие, Алдервајлед, Вертинген, Роуз, Сисоко, Али, Ериксен, Винкс, Сон, Кејн.
Манчестер Сити: Едерсон, Данило, Стоунс, Компани, Лапорте, Де Бријн, Фернандињо, Д. Силва, Б. Силва, Стерлинг, Жесус