Фудбалерите на Лутон Тоун испишаа една убава приказна во својата историја и успеаа да направат подвиг кој му успеал само уште на Ливерпул.
Лутон е клуб кој на крајот на минатата сезона се избори за пласман во Лига еден (трето по ранг натпреварување во Англија). Веројатно тогаш очекуваа следната сезона само да изборат опстанок во повисокиот ранг, но во Лига еден тие направија чудо.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Играчите на овој тим не се задоволија само со пласманот во повисок ранг и после 41 одиграно коло се убедливо први на табелата со 25 победи, 12 нерешени натпревари и само четири порази.
Luton Town are the first team in 125 years to record a 28 game unbeaten run the season after promotion.
The last team to do this was Liverpool in 1893/94 pic.twitter.com/j89Z71yrab
— AccaTracker App (@AccaTrackerTM) April 8, 2019
Со 87 бодови, осум повеќе од Барнли и Сандерленд со сигурни чекори одат кон Чемпионшип, а оваа сезона направија само нешто што му успеало само на Ливерпул, но и поставија рекорд по кој се единствени.
Имено, тие станаа првиот тим во 125 годишната историја кој нанижал 28 натпревари без пораз во сезоната во која избориле пласман во повисок ранг.
Такво нешто упсеаа да направат само уште играчите на Ливерпул во сезоната 1893/94.