Репрезентацијата на Македонија ја очекува двомеч во квалификациите за Европското првенство против селекцијата на Исланд.
Данило Брестовац неодамна беше назначен за нов селектор на Македонија и тој секако верува во успех и пласман на ЕП.
Брестовац очекува два тешки натпревари.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Со Исланд добро се познаваме и тешко дека можат да не изненадат. Ако доби се подготвиме и затвориме се она во што тие се добри сигурно дека ќе имаме успех“.
„Посебно добри се во одбраната затоа се одлучив за повеќе дефанзивни играчи во составот, ќе одиме малку да се „истепаме“ со нив и ќе видиме што на крајот ќе се случи. Во одбраната мораме да бидеме поагресивни и да постигнуваме полесни погодоци“.
„Секогаш одиме на подобар резултат и победа. Групата во која играме и несреќниот пораз од Грција ни ги расипуваат плановите за подмладување и одмарањето на поважните играчи. Се надевам дека и со една победа против Исланд ќе обезбедиме пласман, па ќе можам некого да одморам за јуни“, изјави Брестовац.
Репрезентивците денес тренираат во Скопје, а утре се упатуваат за Рејкавиќ каде што во среда со почеток во 21:45 часот ќе го играме натпреварот со Исланд. На 14-ти април Исланд ќе гостува во Скопје.