Дома Фудбал Англија Премиерлигашите потрошиле 300 милиони за провизии на агенти, Ливерпул лидер!

Премиерлигашите потрошиле 300 милиони за провизии на агенти, Ливерпул лидер!

Англиската Фудбалска асоцијација ги публикуваше сумите кои клубовите ги трошат за провизии на менаџери, консултанти и посредници при трансфери.

Клубовите од англиската Премиер лига исплатиле 300 милиони евра за менаџерски провизии само за актуелната сезона 2018/19, а тимот на Ливерпул е лидер.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Имено, „црвените“ се на првото место и на име на провизии во периодот од 1 февруари 2018 до 31 јануари 2019 година потроишиле дури 51,3 милиони евра за агентите и за консултанти!

По Ливерпул следуваат Челзи со 31,5 милиони евра, трети и четврти се Манчестер Сити (28 милиони) и Манчестер Јунајтед (25.5 милиони).со 29 милиони евра потрошени за менаџерите чии клиенти склучувале договори со клубовите.

Ливерпул стигна до првото место поради провизиите за трансферите на Фабињо, Кеита, Шаќири и Алисон, а претходната сезона исплатил 27 милиони фунти комплетирајќи ги трансферите на Салах и Ван Дајк.

Од јануари оваа година, биле испитани 173 фудбалери, 40 клубови и 38 агенти од страна на британската владина даночна агенција која се бори да спречи секаков вид на нерегуларности.

Клубовите од Чемпиониш шампионатот (втора англиска лига) инвестираа вкупно 50 милиони фунти за надомест наагенти за привлекување нови играчи.

Севкупната сума потрошена оваа година е за цели 23% повисока од онаа која претходната година англиските клубови ја потрошиле за провизии на агенти и консултанти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

За ПСЖ вечерва може да настапи фудбалерот кој е надвор од терените 638 дена

Пари Сен Жермен вечерва го игра дербито против Баерн Минхен во Лигата на шампионите, а за …