Дома Фудбал Англија Погба го шокирал Манчестер Јунајтед – побарал астрономска плата!

Погба го шокирал Манчестер Јунајтед – побарал астрономска плата!

Пол Погба со своето барање ја шокирал управата на Манчестер Јунајтед.

Директорите на Манчестер Јунајтед тргнаа во акција, но повратните информации не се баш идеални. Ниту Давид Де Геа, ниту Пол Погба не се задоволни од она што им се нуди или подобро кажано мислат дека на друго место ќе добијат повеќе. Така „Индепендент“ денес пишува дека Пари Сен Жерен преку посредници на Де Геа му порачал дека може да му дадат плата од 350.000 фунти неделно, додека „Сан“ пишува ека Погба побарал астрономски – 500.000 фунти!


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Пресметано во евра тоа е околу 580.000 евра неделно – годишно 30 милиони евра! Повеќе од таа сума во светот на фудбалот денес заработуваат само Лионел Меси, Нејмар, Роналдо и Лавеци во Кина.

Лавеци секако наплати затоа што беше една од првите големи ѕвезди кои прифатија да се преселат на Далечниот Исток, додека Меси, Нејмар и Роналдо сепак се играчи на повиосоко ниво од Погба. Во овој момент Погба заработува околу 18 милиони евра по сезона.

Французинот меѓутоа може да си дозволи себеси таков луксуз малку да претерува со барањата бидејќи во послендите недели на големо се пишува дека Зидан сака да го види во Реал. Затоа управата на Јунајтед тргнала во акција, но Погба бил јасен и сака да биде најплатен во тимот.

Кога Алексис Санчез доколку ги достигне бонусите иако е тешко (скоро невозможно) да достигне 30 милиони евра заработка, зошто Погба да не добие 30 како фиксна сума, наводно тоа бил главниот аргумент на Раиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Нов обложувачки скандал: Пакета обвинет дека намерно добивал картони

Фудбалската асоцијација на Англија го обвини играчот од средниот ред на Вест Хем, Лукас Па…