Дома Фудбал Италија Гатузо се претворил во „пиун“, други му го составуваат тимот – Леонардо преговара со тројца тренери

Гатузо се претворил во „пиун“, други му го составуваат тимот – Леонардо преговара со тројца тренери

Судирот на Биља и Кеси, поразот во Џенова, па само реми на „Сан Сиро“ со Удинезе, повредите на Донарума и Пакета, слабата форма на играчите кои беа носители како Сусо, капитенот Ромањоли…

Повторно актуелна е приказната за смена на Гатузо, а „Газета дело Спорт“ пишува дека атмосферата во соблекувалната е напната и дека играчите губат доверба во тренерот. Тие мислат дека Гатузо го изгубил авторитетот и дека луѓето од управата му се мешаат во составот. Тука се мисли директно на директорскиот тандем Леонардо – Малдини и се шпекулира дека тие во последно време инсистирале на конкретни промени во формацијата, играта и изборот на играчите.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Гатузо од почетокот на сезоната е по притисок на Леонардо, додека Малдини се држи на страна одбивајќи да биде одговорен за евентуалната смена на долгогодишниот соиграч и пријател. Леонардо и Гатузо кратко беа соиграчи, но не се во некој кој знае каков пријателски однос. Леонардо после седнувањето на директорската позиција го задржа Гатузо само затоа што немаше друго подобро решение и затоа што во прашање е играчка легенда на Милан. Меѓутоа кога започнаа слабите резултати на почетокот на сезоната започна и да се пишува за смена на Гатузо.

На почетокот на новата година Милан започна да ја подига формата и тогаш работите се поправија. Добри беа се до дербито со Интер.

Гатузо го обвинуваат дека со лошите потези е најголемиот вивновник за поразот во дербито, а потоа се надоврзаа уште неколку лоши резултати. Место да ја одлучат трката за место во Лигата на шампионите во своја корист и да ја освојат третата позиција Милан сега стравува и за четвртата. Повторно е преминат прагот на толеранција на Леонардо и се појавија гласини дека директорот на Милан преговара со Сари, Конте и Гасперини. Некој од нив би можел да го замени Гатузо на крајот од сезоната.

Во обид да се заштити себеси Гатузо наводно во последно време се согласил да го прави она што го бара Леонардо и така си го загрозил авторитетот. Преминувањето во формација 4-3-1-2 против Удинезе била идеја на Леонардо која Гатузо само ја спровел. Таквото спроведување на она што го сакал Леонардо наишло на отпор во соблекувалната и повторно бил загрозен авторитетот на Гатузо. Играчите сметаат дека последните лоши одлуки Гатузо ги донел под притисок на Леонардо, наводно и му е наредено кои играчи мораат да играат и кои да влегуваат од клупата.

Така Гатузо се довел во ситуација да нема поддршка ниту од раководството, ниту од соблекувалната…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

„Бомба“: Еден од најголемите ривали на Ѓоковиќ стана негов тренер!

Новак Ѓоковиќ го потврди својот нов тренер и тој е големо изненадување. Имено во подготовк…