Каталонскиот гигант Барселона засилено ќе влезе во новата сезона.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Клубот веќе потпиша со младиот холандски играч за врска, Френки де Јонг за 75 милиони евра, а извесно е дека уште неколку врвни млади фудбалери ќе пристигнат на „Камп Ноу“. Де Јонг со потписот за Барселона ќе добие огромен договор. Холандските медиуми тврдат дека 21-годишниот фудбалер ќе заработува дури 16 милиони евра и на тој начин ќе стане најплатениот холандски фудбалер.
Сепак, можеби наскоро нема да биде сам на таа листа. Дефанзивецот на Ајакс, Матијас де Лихт наводно добил идентични услови како и Де Јонг и на него сега останува да одлучи каде ќе игра. Ова дуо се смета за најголеми таленти на холандскиот фудбал. Уште како млади се докажаа и од следната сезона ќе имаат шанса да играат на уште поголемо ниво.
Сигурно дека ќе имаат што да покажат, бидејќи станува збор за навистина големи таленти на холандскиот, но и на европскиот фудбалер, а можеби и повторно да облечат дрес на ист тим.