Натпреварот помеѓу Каљари и Јувентус синоќа го одбележаа расистичките испади на домашните навивачи кои ги навредуваа играчите на „старата дама“.
По вториот гол на Јувентус домашните навивачи упатија расистички навреди кон Моис Кин и Блас Матуиди, што уште еднаш ја згрози италијанската и европската јавност.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пјаниќ по мечот рече дека неговите играчи се разочарани, особено Матуиди кој веќе втора година по ред во Сардинија слуша расистички навреди.
„Кин и Матуиди се разочарани. Ова е втора година како Матуиди доаѓа во Сардинија и се случува ваква сцена. На тоа треба да се стави крај и луѓето кои имаат моќ да одлучуваат и имаат право на глас мора да направат нешто. Момците се тажни, мора да се стави крај на расизмот“, рече Пјаниќ.
Домашните навивачи добија остри критики и од тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, а нема сомнеж дека Каљари ќе биде жестоко казнети за ваквото однесување на нивните навивачи.
The fact that Bonucci criticised Kean for this actually angers me, blame the victim for standing up to racism? Ridiculous and scary to think that’s how he responds to his 19 year old teammate being racially abused. pic.twitter.com/uEJzao46bQ
— Dan (@RxshfordFC) April 2, 2019