Англиската Премиер лига полека се приближува кон крајот и сигурно ќе гледаме супер-интересна завршница каде Ливерпул и Сити до последната минута ќе се борат за титулата.
Исто така и битката за Топ 4 ќе биде исклучително интересна, а многу работи можеа да бидат поинакви доколку напаѓачите искористеа повеќе шанси кои ги имаа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како и секоја година, така и оваа беа пропуштени многу стопостотни шанси, а педантните Англичани за тоа водат статистика.
Па така напаѓачот на Арсенал, Пјер Емерик Обамејанг промашил најмногу чисти шанси за гол. Дури 19 пати пропуштил да ја затресе противничката мрежа од изгледна прилика. Габонецот до сега има постигнато 17 гола, но можеше да има многу повеќе на своето конто.
Позади него е напаѓачот на Бонрмут Калум Вилсон (16), а потоа следуваат Мохамед Салах (15) и Ромелу Лукаку (14)…