Тренерот на Интер, Лучијано Спалети сепак попушти под притисокот на раководството и го повика Мауро Икарди за утрешниот меч против Џенова.
Само пред два дена после поразот од Лацио, Спалети жестоко го нападна Икарди, но сега го промени мислењето и изјави дека Аргентинецот е конечно спремен психички за настап.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Икарди е повикан. Марота заврши одлична работа со тоа што помогна да се надминат разликите помеѓу двете страни на прав начин. Мауро сега е во позиција да му помогне на тимот и Интер со него е поквалитетен. Тренеираше добро и ги испрати правите сигнали дека сака да помогне. Посилни сме со него, утре тој ќе биде стартер“, изјави Спалети.
Познато е дека навивачите на Интер се против Икарди поради целиот „скандал“ кој настана, па веднаш реагираа на ваквиот потег на Спалети.
„Навивачите на Интер сметаат дека Икарди нема карактер, не само за капитенската лента, туку и за соблекувалната на Интер. Го повикуваме Интер да преземе чекори кои ќе доведат до негово заминување од клубот. Вредноста на тимот мора да биде над поединецот и оние кои сакаат медиумско внимание“, стои меѓу останатото во соопштението од навивачите на Интер.