Мауро Икарди после скоро два месеци се враќа во тимот на Интер и ќе биде повикан за утрешниот меч против Џенова.
Ова денес го потврди тренерот на „нероаѕурите“ Лучијано Спалети, кој додаде дека Икарди ќе биде во стартниот состав и ќе започне од првата минута на гостувањето кај Џенова во рамките на 30-то коло од Серија А.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Утре Икарди ќе биде во стартниот тим против Џенова. Тој реагираше ментално на вистинскиот начин, а тоа е поважно од физичката спремност. Ќе видиме колку минути ќе може да игра, и ако треба ќе биде заменет во второто полувреме“, потврди Спалети.
Икарди одбиваше да игра за Интер откако му беше одземена капитенската лента со изговор дека е повреден. Пред десетина дена се врати да тренира со остатокот од тимот, но Спалети повторно не го повика за мечот со Лацио.
„Марота заврши неверојатна работа и осигури вистински дијалог помеѓу сите засегнати страни во случајот. Тоа значи дека Икарди може да му помогне на тимот. Тимот е обединет и имаме заедничка цел“, додаде Спалети.