Дома Фудбал Зидан даде објаснување зошто на голот го стави својот син

Зидан даде објаснување зошто на голот го стави својот син

Реал Мадрид потешко од очекувањата ја победи Хуеска. Кралевите до триумф со резултат 3:2 стигнаа во последните моменти од натпреварот.

На голот на Кралевите синоќа стоеше Лука Зидан, синот на тренерот Зинедин Зидан, односно третиот голман на екипата. Овој 21-годишен голман го одигра својот прв натпревар оваа сезона.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


После натпреварот Зидан даде едноставно објаснување зошто на голот го стави својот син.

„Лука е трет голман. Тибо Куртоа е повреден, а Кејлор Навас се врати од репрезентацијата и му беше потребен одмор. Му дадов шанса на друг голман.“ – изјави Зизу.

Лука е член на Реал од својата шеста година, а во првиот тим е од 2018. година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Томас Милер може да заврши во клуб каде што никој не очекува!

По долгогодишна кариера започната уште како млад фудбалер, Томас Милер го напушта Баерн. О…